17 ноември, Меѓународен ден на еколошките движења

Денес ширум светот се прославува Меѓународниот ден на еколошките движења и организации кои се залагаат за зачувување на животната средина и на планетата Земја. Преку различни форми на едукација и активности, тие даваат придонес за подигнување на свеста на луѓето за теми кои се од есенцијално значење, како што се зачувување на озонската обвивка, проблемот со уништувањето на шумите, обновливите извори на енергија, важноста на рециклирањето и заштитените растителни и животински видови, анимирање на јавноста и подигање на еколошката свест на населението, како и мапирањето на еколошките проблеми.Да ја чуваме Земјата и природата на неа, бидејќи не сме ги наследиле од своите дедовци и татковци, туку сме ги позајмиле од своите потомци, информираат од ЈП Национални шуми Македонија.