Мицкоски: Државата е најкорумпирана во Европа и меѓу првите по тешкиот живот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоки во интервјуто за порталот „Република“ зборуваше за најновото истражување за индексот на мизерија каде Македонија е меѓу држави во Европа и посочи дека тоа покажува дека она кое ВМРО-ДПМНЕ го кажува е точно.

-Тоа покажува сето она кое што ние го зборуваме е точно, а тоа е дека имаме работа со најнеуспешната влада, со најкриминалната влада и со влада која што нема никаква визија како да ја развива Македонија и како граѓаните да ги направи среќни, самите велите според индексот на мизерија ние сме најсиромашната земја, истакна Мицкоски.

Мицкоски во своето интервју укажа дека по секој параметар оваа влада на СДС и ДУИ изминативе 5 година и неколку месеци е влада која што е убедливо е најнеуспешна во независна Македонија и затоа треба да се случат предвремени парламентарни избори.

-Тоа е еден катастрофален резултат, од друга страна преку еден друг индекс, а тој е на ранг листата на транспарентност Интернационал, индексот за перцепцијата на корупцијата, Македонија е најкорумпираната држава, перцепцијата е за најкорупмирана држава на Балканот и една од најкорумпираните држави во Европа. По некои други критериуми тоа се странски инвестиции по глава на жител, сме убедливо последни на Балканот, Косово е пред нас кој што сеуште ја нема дооформено својата држава. Да не зборам за Бугарија, Србија, Албанија тоа е веќе многу пред нас. Така што по секој параметар буквално оваа влада на СДС и ДУИ изминативе 5 година и неколку месеци е влада која што е убедливо е најнеуспешна во независна Македонија и затоа ние велиме тоа е уште еден аргумент плус да одиме на предвремени парламентарни избори, додаде претседателот Мицкоски.

извор: ВМРО ДПМНЕ