Крај на заложничката криза во Дрезден, маж си ја убил мајката – полицијата го уапси

Околу 12 часот и 30 минути германската полиција успеала да реши заложничка криза во трговски центар во Дрезден, каде вооружен напаѓач држел жена и дете како заложници.

Како што пренесува германски Билд, вооружен Германец прво ја убил својата мајка во саботата наутро во стан во квартот Прохлис.

После тоа, тој се обидел да упадне во радио станицата пукајќи кон вратата од влезот, но не успеал да влезе во зградата.

Потоа со својот автомобил се упатил до трговскиот центар, каде се забарикадирал во продавница. Таму како заложници зел две лица (жена и дете). Околу 12 часот и 30 минути специјалните полициски сили успеале да упаднат во кафеаната и да го совладаат напаѓачот. Билд наведува дека напаѓачот е ранет, а заложниците се неповредени. Засега не е познат мотивот за убиството, а полицијата ја продолжува истрагата.

видео: TWITTER

фото: AFP