(ВИДЕО) Стојанче Ангелов е реизбран за претседател на Достоинство – поддржа уставни измени

0
301

Денес, 10.12.2022, од 11.00 до 13.00 часот, се одржа 4-тиот конгрес на Достоинство. На конгресот се избра претседател, генерален секретар и извршен комитет на Достоинство а воедно се усвои и нов партиски Статут.

Единствен кандидат за претседател на Достоинство беше досегашниот претседател Стојанче Ангелов кој едногласно беше реизбран за претседател на Достоинство во следните 4 години.
За Генерален секретар беше реизбран досегашниот генерален секретар Драган Василевски.

Новиот Извршен комитет на Достоинство брои 9 члена. Во него покрај преседателот Стојанче Ангелов и генералниот секретар Драган Василевски (пензиониран старешина од армискиот воздухопловен винг) беа избрани и:

– Горан Здравковски, поранешен полициски генерал, командант на Единицата за специјални задачи Тигар од 2001 до 2003 година;
– Ѕвонко Тренчовски, поранешен полициски полковник, помошник командант на Единицата за специјални задачи Тигар од 2001 до 2002 година;
– Д-р Страшо Глигоров, поранешен полициски полковник, главен инспектор за обука во Единицата за специјални задачи Тигар од 2001 до 2003 година;
– Богослав Лескаровски, пензиониран армиски полковник, поранешен воен аташе во Вашингтон, САД;
– Владимир Лазаров, пензиониран армиски полковник, поранешен командант на армискиот воздухопловен винг, пилот на борбен хеликоптер МИ24 и борбен авион Сухои во 2001 година;
– Сашо Величковски, пензиониран армиски капетан, воен инвалид од 1999 година;
– Зоран Китаноски, поранешен армиски капетан во резервниот состав на АРМ, воен инвалид од 2001-та.
Во својот отчет претседателот на Достоинство Ангелов се осврна на појавата и улогата на Здружението Достоинство кое беше формирано во 2007 година како здружение на македонските бранители чија цел беше решавање на напластените проблеми како и борба за правата на бранителите, воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите бранители.

Покрај оваа борба една од најголемите заслуги на Достоинство беше враќањето на подзаборавената воена 2001-ва како тема во медиумите и целокупната македонска јавност.

Во 2011 година од здружението Достоинство произлезе политичката партија Достоинство која самостојно или во коалиција има настапувано на 4 парламентарни избори и 3 локални избори.

По изборот за претседател на Достоинство, Ангелов пред присутните делегати и пријатели ги образложи планот и програмата на Достоинство за следниот 4 годишен период од кои посебно се издвојуваат заложбите за:

– Промена на изборниот модел, Македонија една изборна единица;
– Развој на демократските процеси во Македонија;
– Владеење на правото и правна држава;
– Борба против корупцијата и организираниот криминал;
– Влез на Република Северна Македонија во Европската Унија;
– Понатамошен развој на Армијата во модерна и ефикасна армија;
– Модерна и ефикасна полиција за успешна борба против сите видови на криминал;
– Јакнење на системот на националната безбедност;
– Јакнење на системот на цивилната заштита, кризниот менаџмент и менаџментот на инциденти;
– Позитивна а не етничка и партиска селекција;
– Унапредување на правото на различно мислење и борба против омраза, осуда и напади предизвикани
поради искажано различно мислење;
– Намалување на омразата и помирување помеѓу Македонците како и продолжување на процесот на меѓуетничко помирување помеѓу Македонците и Албанците.

Иако односот на Бугарија кон Македонија и Македонците е исклучително нечесен и провокативен, во име на повисоката цел, интеграција во ЕУ и надминување на условениот почеток на преговорите за членство во ЕУ, Ангелов изрази поддршка за влез на Бугарите во македонскиот Устав.

извор: ФБ Стојанче Ангелов