ВРЕМЕПЛОВ – Настани на денешен ден, 11 декември

0
175

1816 Индијана станува 19-та американска држава.

1937 Италија го напушта Друштвото на народите.

1941 Втора светска војна: САД им објавија војна на Германија и на Италија.

1941 Втора светска војна: Германија и Италија објавуваат војна на САД.

1946 Со одлука на Генералното собрание на Организацијата на обединетите нации основан е Меѓународниот фонд на ОН за помош на децата (УНИЦЕФ). Како најблагородна организација на ОН во 1965 година, ја доби Нобеловата награда за мир. Седиштето на УНИЦЕФ е во Њујорк.

1958 Горна Волта (Буркина Фасо) ја објавува својата независност од Франција

1972 Американските космонаути и членови на екипажот на вселенскиот брод „Аполо 17“ стапнаа на Месечината. Тоа беше последната мисија во рамките на американската програма „Аполо“.

1993 Во Скопје повеќе од 60 делегати младинци одржаа Основачко Собрание и ја конституираа организацијата „Млади социјалисти“, како подмладок на Социјалистичката партија на Македонија.

1996 Во Битола е одржано основачкото собрание на Националниот сојуз на студентите на Македеонија.

2008 Во Њујорк е уапсен Бернард Мадоф, човекот кој преку пирамидални инвестициски измами успеал да проневери скоро 65 милијарди долари од инвеститорите. Осуден е на 29 јуни 2009 г. на 150 години затвор без право на помилување.

 

Од Википедија — слободната енциклопедија