Во интервју за Радио слободна Европа Нуредини рече дека ќе се обидат да седнат на маса и со градоначалниците на Охрид и Струга и да изготват долгорочен план за дивоградбите.
„Да се одложи усвојувањето на клучните документи сѐ до усвојување на препораките од УНЕСКО, да прекинат сите процедури за натамошен урбанизам и други градежни активности во и покрај заштитените подрачја вклучително и административните постапки за истите како и сите постапки за легализација на дивоградби“, бараат од Бернскиот комитет.
Според екологистите, ова е уште еден жолт картон за земјава од меѓународните институции. Таквите документи испратени од Советот на Европа се почетна мерка која треба да ги освести институциите и субјектите кои работат на заштита на природното и културното наследство.
„Комитетот ја повика државата да ги стопира сите тековни проекти и активности кои се спротивни на одредбите во Бернската конвенција; додека не се оствари мисијата да го одложи усвојувањето на клучните документи; сè до усвојување на препораките од мисијата на терен да ги стопира сите постапки за понатамошна урбанизација и други градежни зафати на и во близина на подрачјата (вклучувајќи ги и административните процедури за истите), како и сите постапки за легализација на дивоградбите на овие територии“, велат од Фронт 21/42.
mkd.mk