Османи: Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Република Косово. Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

-Отстранувањето на сите барикади и воспоставувањето правна држава е императив. Охрабруваме сеопфатно решение во согласност со европско и американско посредување, пишува во статусот на Османи.

извор: ФБ Бујар Османи