Путин се откажа од прес-конференцијата на крајот на годината

0
189

Рускиот претседател Владимир Путин се откажа од својата традиционална прес-конференција на крајот на годината. Причини за неодржување на прес-конференцијата не се наведени.

До почетокот на новата година нема да има прес-конференција на Претседателот“, соопшти денеска (12.12) портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков. Путин, кој е на функција од 2000 година, ја одржуваше големата средба со новинарите на крајот од секоја година, освен во периодот помеѓу 2008 и 2012 година, кога беше премиер, а не шеф на државата.

Песков укажа дека Путин зборува со претставниците на медиумите и во други прилики, особено за време на своите патувања во странство. Портпаролот на Кремљ не наведе причини за неодржување на традиционалната прес-конференција.

Големата годишна прес-конференција, на која присуствуваа стотици руски и странски новинари, вообичаено траеше со часови. За време на прес-конференцијата, шефот на руската држава одговараше на прашања во живо на широк спектар на теми – од надворешна политика до секојдневни проблеми на Русите. Изјавите на Претседателот пред новинарите честопати личеа на наредби до Владата или регионалните власти.

 

Dojce Vele