Попладнево пронајден удавен ,човекот кој скокна од мостот „Близнак“

Согласно дојавата од граѓани на 112 во ЦУК и координација на ЦУК со МВР и со Брза помош, попладнево е пронајдено лице, кое е најверојатно тоа коешто си го одзеде животот вчера, фрлајќи се од мостот „Близнак“ на Бул. „Србија“ во р. Вардар, информираат од ЦУК.

„Удавениит човек е лоциран на околу два километра низводно од истоимениот мост. Телото на давеникот е извлечено од тимот на МВР и понатаму ќе се постапува согласно процедурите за вакви случаи и дополнително ќе следи идентификација и потврда на случајот. За дополнителни информации или детали ќе ве известиме согласно добиените информации“, велат од ЦУК.