Kрвав пакет стигнал во украинската амбасада во Грција!

0
253

Украинската амбасада во Грција добила крвав пакет од непознати испраќачи.

Како што наведува „Клименко тајм“, пликот бил испратен од истата адреса на која пишувало на пакетите што претходно ги добиле украинските дипломатски претставништва, пренесе агенцијата ТАСС.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Украина, Олег Николенко, изјави дека пакетот бил испратен од адреса во Германија, од каде слични пакети претходно биле испратени до други украински амбасади.

Претходно министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба изјави дека сомнителни пакети биле испратени до украинските амбасади во Италија, Полска, Португалија, Романија и други земји.

Кон крајот на ноември, почетокот на декември, шпанската полиција и влада објавија дека вработен во украинската амбасада во Мадрид бил повреден кога отворил писмо-бомба, а исто така и дека пакети со животински очи биле испратени до некои украински амбасади.

извор: ТАСС