Ново задолжување за изградба на автопатот Охрид – Кичево, овој пат за експропријација на земјиште

0
321

Јавното претпријатие за државни патишта во следниот период ќе се задолжи со над 4 милиони денари. Средствата како што дознава „Фактор“ ќе се користат за експропријација на земјиште за изградба на автопатот кон Охрид. За оваа цел, тие добија банкарска гаранција од Владата, со што се создаваат можности ова јавно претпријатие да ја оствари зацртаната цел, односно преку процес на експропријација да создаде услови за комплетирење на автопатот, објави Фактор.мк.

Владата на 1 декември донесе одлука со која се дава согласност „за задолжување заради издавање на банкарска гаранција за потребите на постапката за експропријација за изградба на Автопат А2, делница Кичево-Охрид донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта на седницата одржана на 28.11.2022 година“.

Од ЈП Државни патишта за „Фактор“ велат дека банкарската гаранција ќе биде издадена на вредност од 4.138.922 денари, или околу 67 илјади евра.

– Банкарската гаранција се издава исклучиво за експропријацијата. Јавното претпријатие согласно Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2022 година за експропријација има обезбедено парични средства во висина од 200.000.000 денари – појаснуваат од ЈП за државни патишта.

Од таму додаваат дека за експропријацијата за изградба на Автопат А2, делница Кичево-Охрид, за неколку постапки за експропријација за кои имаше донесено Решенија за експропријација, од страна на Управен суд на РСМ истите се поништени поради недоставена Банкарска гаранција согласно со Член 26 од Законот за експропријација.

Текстот во целост на: Фактор.мк.

А Како изгледа делницата Охрид до Требеништа погледнете во продолжение…