Во тек се завршните активности за реконструкција и асфалтирање на улицата ,,Будва“.
🚧Според договорот со АД ,,Илинден“, поставен е нов слој асфалт во должина од 700 метри, плочник по целата должина на улицата, а претходно ЈП ,,Нискоградба“ постави нова атмосферска канализација.
✅Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 10 милиони денари, со која значително се подобруваат сообраќајните и инфраструктурни услови за жителите од населбата ,,Железничка“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.
извор: ФБ Кирил Пецаков