Од Ургентниот центар за Телма потвртдија дека едно лице од Арачиново е донесено со рани од огнено оружје.
-Го внесуваме во сала. Има прострелни рани на градниот кош. Станува збор за момче на околу 30-годишна возраст. Раните се за итна операција, поради што веќе влегуваме во сала, ни рече во краток разговор Неџати Јакупи, директор на Клиниката за Торакална хирургија во скопскиот Клинички Центар.
Инцидентот се случил денеска попладне. Во напад со автоматска пушка врз градоначалникот на Арачиново застрелано е лице од негово обезбедување.