Македонско-бугарската комисија разговарала за учебниците по историја и заедничко чествување на Гоце Делчев

МНР со сопштение од македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања.

Вчера и денес Комисијата за историски и образовни прашања ја одржа својата 20 седница. Врз основа на претходно утврден дневен ред членовите на Комисијата разговараа за учебниците по историја кои го третираат периодот на средновековната историја и евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев.

Во однос на учебниците по историја тема на дискусија беа средновековните црковни институции и нивното значење за христијанството и словенската писменост и култура. Со оглед на долготрајноста на дискусијата по оваа тема членовите на Комисијата не отворија други теми.

Дискусијата по оваа и другите теми за учебниците по историја ќе продолжи на следната средба, која би требало да се одржи кон крајот на октомври оваа година.

извор: МНР

фото: Република