Круната, која е поставена на виолетова перница, е украсена со 2.686 дијаманти, 269 бисери, 17 сафири и 11 смарагди кои блескаа додека ковчегот патуваше од Бакингемската палата до Вестминстерската сала, каде што лежи на подигнат одар.
Ковчегот е придружуван од војници во темноцрвени свечени униформи.
Во 1937 година, круната била нарачана за крунисувањето на таткото на Елизабета, кралот Џорџ Шести, а таа ја носела и на сопственото крунисување во 1953 година и била овековечена на познатиот портрет.
Круната се носи и за време на годишната церемонија по повод отпочнувањето на Парламентот, а се чува со другиот скапоцен накит во познатата лондонска кула.
Втората кралска круна, Св. Едвард, направен е во 1661 година од чисто злато за крунисувањето на кралот Чарлс II. се користи исклучиво во моментот на крунисување бидејќи е премногу тешка за носење. Тежи два килограми, двојно повеќе од кралската државна круна.
Кралицата еднаш се пошегувала дека дури и кралската државна круна е премногу тешка и дека ако погледнете надолу, „може да ви го скине вратот“.
„За среќа, јас и татко ми имавме таква обликувана глава што кога еднаш ќе ја ставите, таа не мрда“, рекла Елизабета Втора за BBC во 2018.
Поради тежината, таа престанала да ја носи круната на почетокот на работата на парламентот кога наполнила 90 години. Наместо тоа, круната се носела на перница.
Главниот дијамант на предната страна се нарекува Cullinan II. Исечен е од најголемиот дијамант кој некогаш бил пронајден во Јужна Африка во 1905 година. Пронајден е во Премиер рудникот во Кулинан, Јужна Африка. Има 3106 карати (621 грама).
Кулинан бил скршен на девет големи исечени дијаманти и многу мали. Најголемиот исечен дијамант се нарекува Големата ѕвезда на Африка (Кулинан I) и има 530 карати (106 грама). Се наоѓа на врвот на англискиот кралски жезол. Второто по големина парче (Кулинан II) е во англиската кралска круна. И двата предмети се чуваат како дел од англиските кралски накит во Лондонската кула.
Другиот импресивен накит за круната го вклучуваат Црниот принц Руби и Стјуарт сафирот. Вториот има 104 карти и се верува дека потекнува од времето на кралот Чарлс II, кој се искачил на тронот во 1660 година.
kanal5.com