Денес и утре продолжува топлото време со високи температури

За време на овој викенд и тоа под влијание на веќе долго најавуваната топла воздушна маса со потекло од Африка, времето во Македонија ќе биде сончево и невообичаено топло за овој период од годината и со летни температури на воздухот. Сепак ќе има и појава на мала локална облачност.

Ќе започне да дува јужен ветер, кој повремено ќе биде  и засилен на интензитет (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).

Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 23  и 28 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата понекаде би можела да се искачи и до околу 30 степени.

Во Скопје и околината ќе имаме вистинско летно време на самиот крај од месец март. Сепак ќе засилува ветерот од јужен и од југоисточен правец. Температурата ќе се искачи до околу 26 степени.

Сепак поради изразеното јужно и југозападно воздушно струење, утре доаѓа и оној облак од прашина и песок од Сахара кој го најавивме, па така и Атмосферата ќе биде заматена, а времето ќе биде мачно и спарно, ишува во најновата објава метеопрогнозерот Славчо Попоски.