Мајката на Вања: Несфатливо ми е зошто моето преубаво девојче е во гроб, имам хронична болест, но се држам – Важно ми е само да ја дознаам вистината

Мајката на Вања Ѓорчевска која беше убиена во атарот на селото Бразда, Зорица, за српска „Република“ дала изјава за првпат по смртта на девојчето, за која осомничени се пет лица меѓу кои првоосомничен е Љупчо Палевски кој ќе биде екстрадиран во земјава од Турција.

-Несфатливо ми е зошто моето преубаво девојче е во гроб. Имам хронична болест, но се држам. Важно ми е само да ја дознаам вистината. Другата ќерка е болна, сите се надеваме дека ќе биде добро. Ништо не знам, мене сето ова ми е нереално. Бевме разведени пет години и не знам што правел и со кого. Бевме во добри односи заради децата, не се расправавме околу старателството, воспитувањето. Смееше да ги види кога сака или кога ќе посакаат децата. Неговиот живот не ме интересираше. Мене животот ми беа моите деца и мојата работа. Беше оставен на мир, за да ме остави мене на мир, изјави за Република мајката на Вања Ѓорчевска, Зорица.

 

Извор: Република