Македонските репрезентативци во фудбал денеска во Порто ќе играат против селекцијата на Португалија во финалниот бараж за пласман на Светското првенство, откако пред три дена во полуфиналето го совладаа европскиот првак Италија. Премиерот Димитар Ковачевски деновиве вети награда од 500.000 евра, доколку фудбалската селекција се пласира на Светското првенство во Катар. „Вие сте шампиони за нас, победници и гордост на сите нас. Ние веруваме во вас и затоа сакам да ви посакам успех на мечот со Португалија. Најмалку што можеме да направиме како влада е да издвоиме награда од 500.000 евра ако се пласирате на СП“, им рекол Ковачевски испраќајќи ги фудбалерите за Португалија.