Познатата бугарска јасновидка Баба Ванѓа досега предвидела бројни ситуации во светот, како што се: трагедијата во Чернобил, смртта на принцезата Дијана и распадот на Советскиот Сојуз, па дури и Брегзит.
Се вели дека нејзините пророштва се повеќе од 85 проценти точни, а предвидувањата на оваа необична жена за 2023 година не се најдобри.
Нострадамусот на Балканот, како што често ја нарекуваат, истакна пет работи за 2023 година, која веќе ни тропа на врата, пишува irishmirror.ie.
1. Орбитата на Земјата се менува
Баба Ванѓа предвиде дека во 2023 година Земјата некако ќе доживее промена во својата орбита – иако не беа дадени детали. Без оглед на тоа каква би можела да биде таа промена, се смета дека ќе има катастрофални последици, доколку се случи.
2. Развој на биолошко оружје
Исто така, јасновидката предвидела дека една „голема земја“ ќе спроведе студии за биолошко оружје врз луѓе, што ќе резултира со смрт на илјадници луѓе. Но, во моментов, Конвенцијата за биолошко оружје на Обединетите нации забранува вакви експерименти. И покрај ова, има некои земји за кои се верува дека веќе водат потенцијални дивизии за биолошко оружје зад сцената.
3. Нуклеарна експлозија
Ванѓа предупреди и на уште едно страшно пророштво – потенцијална експлозија на нуклеарна централа. Ова застрашувачко предвидување доаѓа по нејзиното наводно предвидување за катастрофата во Чернобил и во контекст на загриженоста на светот за ситуацијата во Украина. Дури и најмала грешка во нуклеарната централа Запорожје може да доведе до катастрофа која би имала страшни последици за многу европски земји.
4. Соларно цунами
Го видела пристигнувањето на огромна соларна бура од размери досега невидени на планетата Земја. Сончевите бури се случуваат кога излив на енергија се ослободува од Сонцето, испраќајќи електрични полнежи, магнетни полиња и радијација кои се движат кон Земјата. Иако ова се случило во многу наврати, се гледа само како феномен на небото – како зелената нијанса на северната светлина. Овие помоќни соларни бури предвидени од Баба Ванѓа ќе предизвикаат штета на технологијата, па дури и може да доведат до масовни прекини на електричната енергија и дефекти на комуникацијата – што може да предизвика цела низа проблеми.
5. Крај на природно породување и почеток на лабораториски раѓања
Визијата на Баба Ванѓа за 2023 година го вклучува крајот на природното човечко раѓање. Во оваа дистописка проекција, властите забрануваат породување и целиот човечки живот се одгледува во лабораторија. Така, лидерите и медицинските експерти би можеле да одлучат кој ќе се роди, додека родителите би можеле да ги приспособат своите карактеристики и изглед – како што се бојата на косата и очите. Ова е дефинитивно едно од најчудните предвидувања на Ванѓа – и ги поттикнува стравувањата од пад на наталитетот.
Извор: курир.рс