ВМРО ДПМНЕ бара итно свикување на седница на Комисијата за одбрана и безбедност на која ќе се дискутира за дојави за поставени бомби

Бараме итно свикување на седница на Комисијата за одбрана и безбедност, на која ќе се расправа само за актуелните случувања за дојави за поставени бомби.
Се надевам дека ова барање нема да “залута”, како и она за состојбите со Ковид-пандемијата.
Состојбата е повеќе од алармантна, а власта е должна да реферира пред пратениците, напиша на својот ФБ профил пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.

извор: ФБ дафина Стојаноска