1946 Започнува со работа новиот Филозофски факултет во Скопје — првиот факултет во Македонија на македонски јазик и првата високошколска установа на на идниот Скопски универзитет.
1993 Со размена на официјални документи, во Скопје, шест земји членки на ЕУ — Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Холандија и Данска – воспоставиле целосни дипломатски односи со Република Македонија.
1945 Во Костур, Егејска Македонија, започна судскиот процес против 106 Македонци од гратчето Хрупишта, Костурско, обвинети за соработка со окупаторот и покрај тоа што повеќето од нив беа борци на ЕЛАС. Некои од нив беа осудени на казна доживотен затвор, а други на временски казни.