Перуански шамани добиле визија за време на ритуал па обелоденија кога ќе заврши војната во Украина

0
281

Перуански шамани добиле визија со пророштво што им било претскажано за време на новогодишниот ритуал на ридот Сан Кристобал во перуанската престолнина Лима.

Според визијата, шаманите предвидуваат дека мировниот договор за Украина ќе биде склучен пред август 2023 година, објави Ројтерс.

До август ќе биде потпишан мировен договор. Иако во овие денови или месеци ќе има моменти поврзани со употреба на сила, потоа се ќе се смири, ќе има мир, смиреност… Тоа го видовме во визијата“, вели еден од шаманите, Клеоф Седан, цитира ројтерс.

Освен тоа, шаманите предвидуваат силен земјотрес во северниот дел на Америка, веројатно во САД, како и други климатски катастрофи во следната година.

фото:

Sputnik Srbija