ВМРО ДПМНЕ: Ковачевски наместо да даде одговор за реалните проблеми, исфрустриран заради својот слаб рејтинг лиферува невистини за претседателот Мицкоски

Ковачевски наместо да даде одговор за новото покачување на цената на струјата, да даде одговор на скандалите поврзани со Онишченко, и новиот директор на АНБ кој му овозможи да добие државјанство, наместо да им даде достојни одговори на новинарите на поставените прашања, Ковачевски нервозен затоа што го соочуваат со реалноста дрско им одговара, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Ковачевски знае дека неговиот рејтинг е очајно низок, најдолу на листата. На површина излегуваат неговите фрустрации од претседателот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, па не пропушта прилика со примитивен речник да лиферува невистини во јавноста.

Сега ги гледаме и резултатите од тајната средба на Ковачевски и Арсовска, каде е договорено да се лиферуваат вакви невистини, за да им се даде тема на СДС за прес конференции, кои ќе бидат де фокус од реалните проблеми со кои се соочуваат Македонските граѓани и скопјани.

Што се однесува до проблемот со превозниците, тој е креиран од СДС, од нивниот кадар Александар Стојковски, назначен од Арсовска за директор на ЈСП. Стојковски го потпишува договорот за набавка на гориво за 27 милиони евра без рабат.

Само од тој еден договор ЈСП е оштетено за 1.5 милиони евра. Доколку СДС и Арсовска овозможеа да има рабат ќе имаше 1.5 милион евра повеќе во касата на ЈСП и ќе имаше пари за превозниците. Ниту Арсовска ќе требаше да глуми лудило, ниту Ковачевски да глуми херој.

извор: ВМРО ДПМНЕ