Власта во заминување на СДС и ДУИ во последен момент преку два тендери од 9 милијарди денари во РЕК Битола, сака да ги наполни куферите и да бега.
Криминалната власт преку инкриминираните функционери сака да потпише годишен договор за набавка на увозен јаглен во вредност од 5 милијарди и 950 милиони денари, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото се додава:
Дополнително се турка уште еден договор за ископ во РЕК Битола во висина од 3 милијарди денари, кој се мести за фирма сопственост на конзул на држава по санкции од ЕУ.
СДС и ДУИ по ист систем како што испумпаа стотици милиони од РЕК Битола изминативе 6 ипол години сакаат да го доограбат народот.
ВМРО-ДПМНЕ апелира до сите функционери во РЕК Битола и ЕСМ да не подлегнуваат на притисоците на врвот на СДС и ДУИ, зошто секое делче од оваа набавка ќе биде истражено веднаш по преземањето на власта и одговорност ќе има.
Народот со право вели дека немаме држава, кога власта ја разграбува секоја институција или претпријатие. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.
извор: ВМРО ДПМНЕ