Португалија претставена со знамето на Шпанија во учебниците

0
170

По крупните грешки во учебниците откриени вчера, кои предизвикаа бура од критики и потсмешливи коментари на социјалните мрежи, вчера е откриена уште една. На прв поглед, оваа грешка тешко се открива. Ама на втор поглед…

Станува збор за лекција во која се опишува Португалија. Текстот е коректен, но во левиот горен агол на страницата се забележува знаме, кое според авторот на овој учебник, треба да биде знамето на Португалија.

Но, веднаш се забележува дека тука нешто не е во ред. Барем деновиве, за време на Мундијалот, имавме можност да се потсетиме како изгледаат знамињата на Португалија и на Шпанија. И ете ја грешката – горното знаме е знамето на Шпанија.

Еве како навистина изгледа знамето на Португалија:

 

plusinfo.mk