Малолетник од Свети Николе синоќа со петарда запалил тенда на угостителски објект на плоштадот „Илинден“.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека во 19:30 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека околу 19:20 часот малолетник фрлил пиротехничко средство во угостителски објект на плоштад „Илинден“ во Свети Николе, при што настанал пожар на тендата на угостителскиот објект.
-Увидна екипа на ОВР Свети Николе извршила увид на местото на настанот, а за случајот бил известен Јавен обвинител и Центар за социјална работа и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, се вели во писменото соопштение од СВР-Штип.
nezavisen.mk