Албанија во 2023 година ќе претседава со Енергетската заедница

0
141

Aлбанската вицепремиерка и министерката за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку, во рамки на официјалната посета на Виена, оствари средба со Кадри Симсон, еврокомесар за енергетика и Артур Лорковски, директор на Секретаријатот на Енергетската заедница.

Како што пренесува албанската државна агенција АТА, Балуку на сребата оценила дека следната година ќе биде одлучувачка во однос на посветеноста на Западен Балкан да ги одобри целите поставени од Европската Унија за обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност или други индикатори поврзани со заштитата на климатските промени.

– Албанија, како единствена земја што ги одобри овие цели минатата година, ќе претседава одговорно и посветено и ќе продолжи да ја промовира регионалната соработка како катализатор за заеднички успех кон исполнување на сите барања на ЕУ во областа на енергетиката“, изјави Балуку, јави АТА.

 

sitel.mk