Градежните компании „Еуровиа“ и „АК Инвест“ за милион и пол евра ќе извршат реконструкција и пренамена на објекти во касарната Илинден, каде што треба да биде сместен Универзитетoт „Мајка Тереза“, објави Фокус.
Според податоците од Централниот регистар „Еуровиа“ од Желино е една од компаниите во сопственост на „Еуровиа холдинг“, чиј управител и косопственик е Елмедин Адеми, внук на поранешниот вицепремиер и министер од ДУИ – покојниот Абдулаќим Адеми.
Инаку, според историјатот на промени, станува збор за субјект кој порано го носел називот „Адел Холдинг“, кој пак е интересен од причина што ист таков субјект се јавува како донатор на партијата на Али Ахмети.
Повеќе ТУКА
fokus.mk