Попов: Секогаш кога Ковачевски е фатен со скандал, тогаш Арсовска му скокнува во помош со некоја лага

Како по правило секогаш кога Димитар Ковачевски е фатен во небрано со некој скандал за фирма на неговиот кум или неговата сопруга, тогаш Данела Арсовска му скокнува во помош со некоја лага и манипулација за дефокус на јавноста. Ете ова е резултатот на тајните средби на Ковачевски и Арсовска. Ете тоа е коалицијата Тачела на дело,Сергеј Попов, советник и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:

Но ако одбрале секој скандал за Ковачевски и владата да го дефокусираат со лага или манипулација, тогаш им препорачуваме да имаат средби на дневно ниво и да измислуваат лаги како на фабричка лента.

Ковачевски треба да знае дека нема лага и манипулација која може да ги покрие криминалот, корупцијата и неспособноста на оваа власт.

Арсовска пак треба да знае дека лагите ќе треба да ги докажува на суд. Доколку заканите беа вистинити Арсовска требало да ги достави до МВР или да поднесе пријава и институциите контролирани од нејзините партнери од Тачела коалицијата веднаш да реагираат. Впрочем, јавноста памети дека имаше еден таков случај на упатувани закани и опожарено возило пред нецела година, од кој Арсовска можела да се поучи како да постапи доколку навистина има закани.

Како ВМРО-ДПМНЕ сме загрижени за пресметливоста и психофизичката состојба на Арсовска, не заради неа самата, туку заради функцијата која ја извршува. Препорачуваме со големо внимание да се следи нејзината работа и со голема резерва да се земаат нејзините изјави, бидејќи покажа дека за кратко време може да каже голем број лаги со вешта глума.

извор: ВМРО ДПМНЕ