Престседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва од трибината „Силни и одлучно кон иднината“ порача дека европскиот пат на државата има сериозна закана а тоа е Левица.
„Левица е уште поопасна затоа што целосно го има земено во заложништво Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Го имаат земено во заложништво затоа што е слаб, нема став, нема визија, нема одлучност. Тие веруваат дека колку е полошо за земјата – толку е подобро за нив.
Нивната цел е да запалат оган, за да мислат луѓето дека им е топло, а при тоа да не забележат дека горат токму нивните чевли. Овие пиромански политики се реална закана за земјата, за сегашните и идни генерации, закана да се попречи европскиот пат, а државата да се врати во неизвесност и изолација, во внатрешни поделби на народот. Ако тоа се случи, ќе станете со лажно чувство на гордост наутро, но навечер ќе си легнете гладни и сами, непризнаени и осамени. Тоа ние нема да го дозволиме“ истакна претседателот Ковачевски.
Тој посочи дека решенијата за сите деструкции, за сите блокади на европскиот пат од страна на Левица и ВМРО-ДПМНЕ, се токму кај СДСМ.
И повторно, решенијата лежат кај нас. Во СДСМ и во сите други прогресивни сили, наши коалициони партнери, присутни вечерва со нас, кои ги поздравувам, кои мора повторно да бидат мнозинство. Кои повторно мора да бидат гласни, јасни и силни. А за тоа сме одговорни ние. Никој друг. Не смееме да правиме грешки, не смееме да бидеме неефикасни, не смееме да ги заборавиме ветувањата.
Не смееме да дозволиме да гасиме пожари ако може да ги спречиме. Немаме право заради сопствената комоција, нечии интереси, мрзеливост или надменост, да дозволиме празните популисти, финансирани од странски и домашни криминални пари, да ја вратат државата повторно во тунелот без крај, во јамата во која царуваа, за да можат да си го вратат криминалниот вилает кој го правеа цела деценија. И пак ќе речам, ако знаеме дека тие се проблемот на државата, ако знаеме дека ние сме решението, што треба да направиме за да продолжиме напред, на вистинската страна? Веднаш ќе одговорам. Кратко и јасно. Работа, чесност, ефикасност, заклучи Ковачевски.
Извор: СДСМ