ВМРО-ДПМНЕ има предност од 13 проценти во однос на СДСМ во поддршка што ја ужива кај граѓаните на Македонија, покажува анкетата на ИПИС.
Според ова истражување на јавното мислење, спроведено во периодот од 11 до 14 декември 2022 година, при што биле анкетирани 1.117 полнолетни испитаници на ниво на цела држава, ВМРО-ДПМНЕ ужива доверба кај 38 отсто од граѓаните, додека поддршка на СДСМ му даваат само 25 отсто од испитаниците.
На третото место според довербата на граѓаните е ДУИ со 12 отсто, по што следуваат Левица (8%), Алијанса за Албанците (6%), Беса (4%) и Алтернатива (2%).
Анкетата на ИПИС покажува дека во однос на ноември оваа година, поддршката што ја ужива СДСМ се намалила за еден процент, што е случај и со Беса и Алтернатива, додека Левица, во истиот период, има еден процент поголема поддршка.
North Macedonia, IPIS poll:
VMRO DPMNE-EPP: 38%
SDSM-S&D: 25% (-1)
DUI~S&D: 12%
Levica~LEFT: 8% (+1)
AA~NI: 6%
BESA~NI: 4% (-1)
Alternativa~NI: 2% (-1)+/- vs. November 2022
Fieldwork: 11-14 December 2022
Sample size: 1,117
➤ https://t.co/UWRp4cwKQg pic.twitter.com/Xpqw18l33F— Europe Elects (@EuropeElects) December 17, 2022