1828 Силен земјотрес го разурна јапонскиот град Нагаока, при што загинаа 30.000 луѓе.
1958 Лансиран SCORE, првиот комуникациски сателит во орбита околу Земјата
1965 Девет африкански држави ги прекинаа дипломатските односи со Велика Британија, откако Лондон му даде поддршка на расистичкиот режим во Родезија.
1970 Во Италија е усвоен Законот за развод на бракот и покрај големото противење на Католичката црква.
1994 Поранешниот американски претседател, Џими Картер пристигна на сараевскиот аеродром, со што ја започна втората етапа од својата посредничка мисија во БиХ.
1865 Укинато е ропството во Соединетите Американски Држави.
1956 Јапонија е примена за член на Организацијата на Обединетите нации.
1941 Во Вашингтон почна конференцијата на претставниците на 26 држави – сојузнички во Втората светска војна. Беше решено на 1 јануари 1942 година да се објави декларација на сојузниците за тоа дека ќе ја продолжат војната против силите на Оската и против нивните приврзаници сè до нивната капитулација и дека нема да се склучува примирје со непријателот.
1942 Бугарската полиција ги открива и апси членовите на покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија народните херои Мирче Ацев и Страшо Пинџур (кои подоцна на ѕверски начин се убиени). Во истата акција запленета и печатницата на ПК КПЈ за Македонија „Гоце Делчев“.