Севернокорејската државна новинска агенција КЦНА синоќа објави дека Пјонгјанг извршил „важна, последна фаза“ од тестирањето за развој на шпионски сателит.
Веста на КЦНА уследи откако армијата на Јужна Кореја и на Јапонија објавија дека Северна Кореја лансирала две балистички ракети со среден дострел кон морето во близина на источниот брег на Корејскиот Полуостров.
Националната управа за вселенски развој (НАДА) изврши тестирање во северозападниот дел на земјата со цел да се испитаат можностите на сателитско снимање, пренос на податоци и системот за контрола, објави КЦНА.
– Потврдивме важни технички индикатори, како што се технологијата за работа на камерата во вселенско опкружување, способноста за обработка на податоци и пренос на уреди за комуникација, точноста на следењето и контролата на системот за контрола од Земја, истакна портпаролот на НАДА.
nezavisen.mk