More

    Министер од Босна во кафеана си ја заборавил торба со 20.000 евра

    Министер од Босна и Херцеговина останал без 20 илјади евра кога во ресторан во Бања Лука заборавил торба со толкава сума кеш, јавија локалните медиуми.

    Министерот за транспорт и врски во Советот на министри на БиХ, Војин Митровиќ, ја потврди оваа информација, а фактот дека со себе имал сума еквивалентна на три години просечна плата во неговата земја го објасни со тврдењето дека штотуку тргнал на пат за Белград каде требало да изврши авансно плаќање за купување стан.

    Поради таа причина со мене имав 20.000 евра. Инаку, никогаш не носам премногу готовина, а камоли толку. Имав и голема торба и му ја дадов на возачот, а малата торбичка во која беа тие пари, моите документи и документите на сопругата, дипломатскиот пасош и сите платежни картички остана на масата, изјави Митровиќ за порталот инсајдер.ин.

    Без парите и документите останал откако ја платил сметката во ресторанот и потоа заборавил на чантата. Тој вели дека се сетил дури кога влегол во автомобилот. Веднаш се вратил во ресторанот, но чантата веќе ја немало и никој не знаел каде е. Сè пријавил во полиција која сега го истражува случајот.

    Министерот се надева дека надзорните камери ќе откријат каде завршиле неговите пари.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    30.8 ° C
    30.8 °
    30.8 °
    35 %
    1kmh
    20 %
    Thu
    29 °
    Fri
    35 °
    Sat
    36 °
    Sun
    26 °
    Mon
    20 °
    spot_imgspot_img