Кандидатот на Републиканската партија, Доналд Трамп ќе биде 47-миот претседател на САД. Две демографски групи кои традиционално со големо мнозинство гласаат за Демократската партија овојпат му помогнаа на Трамп да го постигне овој успех. Тој оствари значителни продобивки и ја намали разликата во однос на Демократската партија кога станува збор за гласовите на младите луѓе под 30 години, а уште повеќе меѓу многу млади мажи. За оваа група централна улога имаат растечките цени, а особено високите кирии онаму што се отвораат работни места.
Трамп ја стави економската состојба и инфлацијата во САД во фокусот на неговата изборна кампања. И повеќе од половина од анкетираните американски граѓани на денот на изборите рекоа дека гласале за Трамп токму поради оваа причина.
Поддршка за миграциската политика на Трамп
Трамп, исто така, оствари значителни придобивки во групата на Латиноамериканците, каде што ја намали разликата во однос на ривалката од редовите на Демократската партија од последните избори од над 20 поени на само осум поени. Многу од нив се конзервативни и се противат на либералните закони за абортус. И многумина, од кои некои некогаш илегално емигрирале во САД, ги поддржуваат плановите на Трамп за дополнително запечатување на границата на југот на земјата. Политичката промена во американскиот Сенат исто така е сигурна. Републиканците сега имаат обезбедено 51 место и затоа ќе ja преземат контролата врз Горниот дом на американскиот парламент од демократите.
DW