Големо ривалство меѓу двете најважни жени во животот на Меси

Иако фудбалерот Лионел Меси и неговата сопруга Антонела Рокузо, со која има три деца, важат за среќен пар, нивните семејства наводно не се сакаат многу. Селија Марија Кучитини, мајката на фудбалската ѕвезда, од самиот почеток била против врската.

Доказ за ривалството меѓу двете најважни жени во животот на славниот фудбалер медиумите најдоа кога Селија Марија се обидела да ја засени својата снаа на денот на венчавката, таа на свадбата дошла во бел фустан кој многу личел на фустанот на невестата.

Имено, таа носеше долг бел фустан со везени штрасови и тантела што го допира подот, исто како и венчаницата на нејзината нова снаа.

Во Аргентина, се смета за непочитување било кој гостин или член на семејството освен невестата да носи бел фустан на свадба.

Меси и Антонела се венчаа во нивниот роден град Росарио во аргентинската провинција Санта Фе. Инаку и двете семејства потекнуваат од тој град.

Аргентинските медиуми објавија дека парот го резервирал целиот прв кат од хотелскиот комплекс Сити Центар Росарио за свадбата, каде што престојувало семејството на Меси, додека семејството на Антонела го заземало вториот кат, бидејќи двете семејства не зборувале.

Семејството Меси ги отфрли гласините за расправија меѓу двете семејства.

Антонела пак, е многу блиска со својата мајка и често ја води со нив на патувања. Двете неверојатно си личат.

 

espreso.mk