(ВИДЕО) Авион кој летал за Хаваи влегол во силни турбуленции, повредени над 30 луѓе

0
213

Повеќе од 30 лица се повредени, од кои 11 потешко, кога авион кој летал за Хонолулу, во американската држава Хаваи, влегол во големи турбуленции.

„ Летот HA35 влезе во област со силни турбуленции и безбедно слета во Хонолулу во 10:50 часот“, се вели во соопштението на „Хаваи Ерлајнс“ објавено на Твитер.

Итните служби во неделата лекувале 36 пациенти со различни повреди, од кои 11 се префрлени во локалните болници во тешка состојба, објавија локалните весници, пренесува „Ројтерс“.

makfax.mk