Стоилковски: Ковачевски и Зечевиќ мора да одговорат дали Зарко Милошевски учествувал во нелегалното прислушување во 2015 година?

Продолжуваме со прашањата за Ковачевски и Зечевиќ за историјата, одговорноста и улогата на Зарко Милошевски во скандали и општествени потреси, истакна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:

Ковачевски и Зечевиќ мора да одговорат дали и каква улога имал Зарко Милошевски, новиот директор на АНБ, пулен на Зечевиќ и Ковачевски, во скандалот со нелегалното прислушување во 2015-та година?

УБК во 2015-та година беше дел од МВР со полициски овластувања во состав на правосудна полиција да собира докази и гони сторители на кривични дела против државата, а Зарко Милошевски во 2015-та година е началник на единицата за екстремизам, односно еден од началниците од тимот на тогашниот директор на УБК.

Па Ковачевски и Зечевиќ мора да одговорат дали Зарко Милошевски како началник во УБК, еден од тимот на директорот, дали знаел за нелегалното прислушување?

Ковачевски и Зечевиќ мора да одговорат имало ли пречекорување на законски дозволени рокови за следење на комуникациите од единицата на Зарко Милошевски?

Ковачевски и Зечевиќ мора да одговорат дали Зарко Милошевски, нивниот пулен директор за АНБ, дали тогаш постапувал и дали учествувал во нелегалното прислушување?

Дали можеби известил некого за тоа?

Ковачевски и Зечевиќ повторно одмолчеа за што е награден Зарко Милошевски со директорското место во АНБ и дали е тоа за државјанството за Онишченко? Одмолчеа и на прашањата за улогата на Зарко Милошевски на 9-ти мај 2015-та година и дали е негова одговорноста за лошата проценка на УБК каде што Зарко е началник на единицата за екстремизам? Молкот за овие прашања повторно фрла сенка и гради недоверба во безбедносниот систем и него го прави порозен!

Македонија тоне од криза во криза, заради партизација на клучните институции, криминалот и високата корупција.

извор: ВМРО ДПМНЕ