Таравари оптимист дека ќе се изгласаат уставните измени, а ако не поминат вели „Ќе се разговара во партијата за евентуално излегување од Владата“

0
591

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари се уште е оптимист дека ќе се изгласаат уставните измени.

Доколку не се случи тоа, внатрепартиските органи ќе разговараат за евентуалното излегување или останување во владината коалиција. Ова на последниот состанок на централното претседателство не било разговарано, објави Република.

-За две недели на пленарна седница во Парламентот ќе излезат уставните измени. Алијасна за Албанците минатата недела имаше состанок на централното претседателство. Воопшто не дискутиравме за тоа дали остануваме или излегуваме во Влада. Важно е да поминат уставните измени и ние сè уште сме оптимисти дека има шанси тие да се случат.. Ако не, во таков случај ќе видиме како понатаму. Како ќе се одвиваат работите потоа така и ќе одлучуваат партиските тела на Алијанса за Албанците – рече Таравари.

Тој смета дека не е добро предвремени избори да има во ноември или декември годинава, но не сака да се одржат ниту во редовниот термин во јули 2024 година

-Како што мислам дека ноември и декември не е добро да се одржат избори, бидејќи редовните претседателски се во март или април. Исто така и редовни парлементарни не би требало да има во јули бидејќи три месеци пред тоа се претседателските и ни требаат и многу пари .Ова е само мој став. Сепак треба консензус за датумот кога ќе се одржат парламентарниите избори, за претседателските се знае – додаде лидерот на Алијанса.

Извор: Република