Комби удри жена која била на погребот на 11-годишното девојче кое загина во Велес

0
200

Малата Магдалена која загина во саботата на пешачки премин е погребана денеска на гробиштата Свети Спас во Велес.

Додека траел погребот се случила уште една сообраќајна несреќа. Возач на комби со струмички регистарски таблици удрил во жена, која присуствувала на погребот и потоа побегнал, пренесува ТВ 24.

Полицијата сепак успеала брзо да го фати.

извор: ТВ 24