Почина млад навивач на Вардар, Комити: Не постои утеха која може да ја смири болката во овој момент

0
326

Почина млад навивач на Вардар.

Во продолжение соопштението на навивачката група ,,Комити”:

Го известуваме целокупното членство, како и сите навивачи и симпатизери на клубот, дека денес животот го загуби нашиот член Дарко Смоковски – Смок.

Не постои утеха која може да ја смири болката која во овој момент сите ние ја чувствуваме. Останува сеќавањето, остануваат многуте заеднички приказни на Запад запишани, и останува твојата насмевка по која беше препознатлив. Насмевка која ниту смртта не може да ја победи!
Упатуваме сочувство до семејството и до најблиските.
Дополнително ќе ги соопштиме информациите поврзани со погребот.

Дарко Смоковски – Смок (4.1.1999 – 20.12.2022)
Засекогаш дел од нас!