Најмалку две лица загинаа во силниот земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала што во вторникот ја погоди северна Калифорнија, додека најмалку десетина луѓе се повредени, пренесе АП.
Земјотресот оштети домови и патишта, пукнаа комуналните линии и оставија неколку илјади жители од областа во близина на градот Рио Дел без вода и струја.
Земјотресот се случил на околу 350 километри северно од Сан Франциско и бил проследен со 80 последователни потреси. Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом прогласи вонредна состојба во округот Хумболт, кој беше најтешко погоден од земјотресот.
Њусом им нареди на државните агенции и служби да преземат соодветни мерки за да ја обезбедат потребната помош на локалната заедница.
извор: АП.