Загрозени бугарските сточари, поради евтиното македонско јгнешко месо

Бизнисот на одгледувачите на овци во Бугарија е загрозен од евтиното јагнешко месо на бугарскиот пазар увезено од Македонија, јави софиската телевизија БТВ.

Телевизијата посочува дека бугарски сточари наведуваат дека причина за поевтиното јагнешко месо од земјава е тоа што македонските производители добиваат високи субвенции од државата.

Одгледувачите на овци во Бугарија посочуваат дека цената по која тие го продаваат јагнешкото месо достигнува до 18 лева (9 евра), додека во трговската мрежа тоа се продава за околу 20 лева (10 евра).

Јанка Попова, која со овчарство се занимава од 2008 година и одгледува околу 1.000 овци, за БТВ вели дека состојбата во Бугарија е таква затоа што бугарските сточари немаат доволна поддршка од државата за произведеното јагнешко месо или млеко.

извор/фото: агенции