(ФОТО) Бура реакции предизвика фотографијата на Зејнеп и Ѓоковиќ заедно

Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена уживаат во љубовта уште од средношколските денови, и ништо не може да ја разниша нивната бајка, ама сега, што би кажала Јелена? На социјалните мрежи се појави фотографија од Новак Ѓоковиќ со занесна бринета. Фотографијата – разбирливо- предизвика вистинска бура.

Како голем спортист и навивач, не сакаше да го пропушти Светското првенство во фудбал, па побрза во Катар за да присуствува на финалниот натпревар помеѓу Аргентина и Франција. Сепак, за чудо, беше фотографиран во многу привлечно друштво, а тоа не беа неговата сопруга и мајка, ниту децата.

Имено, по многу интересното финале, славниот тенисер си најде уште подобра занимација, па отиде на вечера во престижен ресторан каде што беше придружуван од Зејнеп Утку. Средбата со Ноле  убавицата ја сподели на својот Инстаграм профил.

„Прекрасна вечера со Новак Ѓоковиќ“, напиша таа покрај фотографијата, со неизбежните емотикони и срце.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zeynep Utku (@zeyneputku)

Фотографијата на Новак Ѓоковиќ и Зејнеп предизвика вистинска бура на социјалните мрежи и многу коментари, а додека сите се прашуваа која е убавата дама, неминовно следеше прашањето за природата на нивната врска, а многумина коментираа дека Јелена нема да биде баш среќна кога ќе ја види фотографијата .

Инаку, убавицата која ја помина вечерта во друштво на сопругот на Јелена е всушност ко-основач на Глобарт, организација за современа уметност и филантропија фокусирана на корпоративни колекции и јавна уметност, а се претпоставува дека Ноле разменил некои свои визии и идеи со неа и дека Јелена била информирана за причините на оваа средба.

 

espreso.mk