Каевски за видео играта на Собраниска комисија: Ова прв пат ми се случува, во принцип внимателно ги следам дебатите

0
155

Во изјава за Фактор Дарко Каевски пратеникот од редовите на СДСМ кој играше видео игри за време на вчерашната Собраниска комисија додека од говорница говори професорката Гордана Силјановска Давкова од опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека ова прв пат му се случува.

-Јас сум еден од најредовните и најактивните пратеници, кој не отсуствувал од ниту една пленарна седница, ниту комисиска дебата во Собранието. Но, кога на говорницата имате колега кој слушате дека кажува флоскули и празни реченици, можеби некогаш ќе посакате да го оттргнете вниманието од тоа. Ова прв пат ми се случува, во принцип внимателно ги следам дебатите што се одвиваат во законодавниот дом – изјави Каевски за Фактор.

извор:  Фактор