ВРЕМЕПЛОВ – Настани на денешен ден, 22 декември

1514 Диего Веласкес де Куељар го основа градот Тринидад во Куба.

1808 Лудвиг ван Бетовен ја одржал премиерата на својата Петта симфонија во Виена.

1849 Во последен миг е откажано погубувањето на Фјодор Достоевски.

1943 Се одржа прв конгрес на Народноослободителниот младински сојуз на Македонија (НОМСМ). Одлуките на овој конгрес имаа за цел да ја засилат борбата против окупаторот, да се ангажира младината во создавањето на народната власт, да работи на културното-просветното поле и друго.

1999 Основана е Либералната партија на Македонија.

2008 Љубомир Фрчковски е осуден за клевета, навреда и омаловажување на Никола Груевски, изнесени во колумна во весникот „Дневник“.

 

 

Од Википедија — слободната енциклопедија