Денеска на мое големо задоволство се сретнав со исклучително талентираниот Лео Нелоски, ученик во деветто оделение во ОУ „Григор Прличев“. Младиот Лео е прогласен за Државен првак по математика за 2022 година, додека, на Јуниорската Математичка Македонска Олимпијада која се одржа на во Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде учествуваа математички најталентираните деца во Македонија, Лео Нелоски го освои сребрениот медал, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
Во објавата градоначалникот додава:
Разговаравме за успесите кои ги постигнува и тоа не само по математика, туку и во другите области каде на натпреварите освојува награди.
Општина Охрид и јас како градоначалник постојано ќе бидеме ветар во грб и ќе им даваме поддршка на младите и телентирани ученици од основните и средни училишта во Охрид, со цел за постигнувањ на уште повеќе и поголеми успеси.
извор: ФБ Кирил Пецаков