Спасовски: Откриен пријавувачот на лажни бомби во Кавадарци

0
209

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска информираше дека разрешен е случајот со дојавите за поставени бомби во Кавадарци.

-Целосно е расчистен случајот. Денеска се поднесува кривичната пријава до соодветното јавно обвинителство. Откриен е сторителот. Лицето е малолетно, кратко одговори министерот.

На почетокот на месецов во полициската станица во Кавадарци било пријавено дека на електронската адреса на пет училишта, две средни и три основни била упатена закана за поставена експлозивна направа, соопшти тогаш Министерството за внатрешни работи.

Сите дојави беа утврдени како лажни после спроведените антитерористички проверки.

фото:Архива