Ленин Јовановски: Заврши контролата на УЈП во „Слободен превоз“ – не се констатирани никакви криминали, туку само долг кон нас од над ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА

Заврши контролата на УЈП во Слобода Превоз и видено од записникот не се констатирани никакви неправилности, криминали , полнење приватни џебови и сл. Но, констатирано е дека ЈСП си има долг кон Слобода Превоз од над ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА.
Е сега, жал ми е за сите оние што поверуваа на лагите на психопатот кој ја смисли оваа ујдурма и купи неколку дена за сопствената неспособност, напиша на својот ФБ профил директорот на „Слободен превоз“, Ленин Јовановски.

Во објавата Јовановски додава:

А јас, откако ќе го наплатам долгот со сите оние додавки за адвокати, извршители, камати и штети, пак ќе има за уште едно Харли , а можеби и џип ( 🙂 ),  (а за жал оваа екскурзија на маќеата граѓаните ќе ја платат, а не она од соствен џеб) јас ќе продолжам да водам љубов со животот…

 

извор: ФБ Ленин Јовановски