По глобалниот пад во последните неколку години, како резултат на пандемијата од Ковид-19, странските инвестиции постепено се враќаат во регионот на Западен Балкан.
Речиси сите земји од Западен Балкан забележаа значителен пораст на странски инвестиции во првите 9 месеци од 2022 година, во споредба со истиот период од претходната година,објави ТРТ Балкан.
Вкупно над 6 милијарди евра влегле во форма на директни инвестиции во шесте земји од Западен Балкан. ТРТ Балкан во продолжение ви дава регионален преглед на протокот на странски директни инвестиции.
Србија со најмногу странски инвестиции во регионот
Како најголем пазар меѓу земјите од Западен Балкан, очекувано е Србија да се најде на првото место на регионалната листа на земји со најмногу странски инвестиции.
Во првите 9 месеци од 2022 година во Србија како странски инвестиции влегле 3 милијарди и 11 милиони евра, што е речиси половина од сите инвестиции во Западен Балкан.
Сепак, за разлика од повеќето земји во регионот, Србија нема регистрирано значително зголемување на странските инвестиции во однос на првите 9 месеци од 2021 година. Во истиот период од претходната година, во Србија се инвестирани 3 милијарди и 2 милиони евра.
Северна Македонија има регистрирано 528 милиони евра странски инвестиции во првите 9 месеци од годинава. И покрај тоа што е рангирана меѓу последните во регионот, по Србија, Албанија, Црна Гора и Косово, властите во Северна Македонија велат дека ова е најдобрата година во последните 4 години во однос на странските инвестиции во земјата.
Голем пораст на странските инвестиции во Албанија, Црна Гора и Косово.
Текстот во целост на: ТРТ Балкан